Search

Американската војска отпушти и суспендира 14 офицери од касарната Форт Худ

Американската армија отпушти или суспендираше 14 високи офицери и нареди промена на политиката по сеопфатната независна истрага за сексуално вознемирување и насилство во Форт Худ, вклучувајќи и убиство на припадник на армијата на почетокот на оваа година.

Секретарот за одбрана, Рајан Мекарти, на прес-конференција изјави дека независниот комитет за цивилна ревизија откри широко распространети проблеми во втората по големина воена инсталација во земјата, вклучувајќи ги и неуспесите во истрагата на злосторствата и недовербата во превенцијата на сексуалните злосторства, што довело до создавање средина на попустливост кон сексуални напади и вознемирување.

Мекартни кажа дека проблемите во Форт Худ, вклучувајќи ги и неколкуте убиства и исчезнувања и поголемата стапка на криминал отколку во која било друга воена инсталација, се „директно поврзани со неуспехот на раководството”, напиша Гласот на Америка.

Форт Худ се соочи со интензивен надзор по неколкуте неодамнешни инциденти, вклучувајќи ја и смртта на специјалистката Ванеса Жилиен, која во април беше убиена од друг војник. Нејзините остатоци во јуни беа пронајдени во плитка гробница.

Меѓу ослободените од должноста е и командантот на Форт Худ во време на смртта на специјалисткката Жилиен, генерал-мајор Скот Л. Ефланд.

Армијата, исто така, го отпушти командниот кадар на единицата на Гијом, полковник Ралф Оверленд и постариот водник Бредли Кнап од Третиот коњички полк.

Треба да знаете
Последни објави