Search

Кумановка измамена за 500 евра од „Фејсбук гатачка“

Млада кумановка останала без 500 евра, откако поверувала на жена од Штип, која ја измамила дека „им помага“ на луѓе, а затоа ѝ бил потребен накит од лицето кое има проблеми.

-На 07.12.2020 во 18.00 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од С.Н. од Штип за сума од околу 30.000 денари. Според пријавеното, таа во октомври на социјалната мрежа Фејсбук прочитала објава „жена што помага на луѓе” и стапила во контакт со неа. Исто така, според пријавеното, 24-годишната жена во повеќе наврати по брза пошта ѝ праќала пари и златен накит на штипјанката, но по некое време С.Н. не била достапна, по што пријавителката заклучила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави