Search

Во Косово 17 починати и 557 заболени од Ковид-19

Во Косово изминатото деноноќие се регистрирани нови 17 смртни случаи како последица на Ковид-19, а во истиот период има и 557 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, вирусот е откриен кај вкупно 43.881 лице, од кои починале 1.137 заразени.

Во изминатите 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 727 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 30.157.

Активни во моментов во Косово се 12.587 случаи.

Вчера се извршени 1.540, а вкупно досега 155.625 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Треба да знаете
Последни објави