Search

Пандев: Сакам против Германија да играм пред полни трибини

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците во квалификациите за пласман на СП 2022 во Катар и од март до ноември идната година ќе игра против четирикратниот светски шампион Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Македонија во новите квалификации ќе влезе по историскиот успех и пласмнанот на Европското првенство, и за прв пат ќе игра против една од најсилните репрезентации на светот, Германија.

Токму Германија беше единствената европска репрезентација која е светски шампион и против која Македонија не играла во квалификации за ЕП или СП. „Црвено-жолтите“ досега имаат играно и против Италија, Англија и Шпанија.

Токму натпреварите против Германија се доволен мотив за капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, кој се надева дека против четирикратниот светски шампион ќе игра пред полни трибини.
„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација пред себе има настап на Европско првенство, но и шанса за добри квалификации и напад на второто место во групата за пласман на следниот Мундијал“, истакна Пандев.

Треба да знаете
Последни објави