Загина пешак кај Јажинце, возачот избегал

На 06.12.2020 во 17.27 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од с.Дебреше, по што го напуштило местото.

Пешакот починал на место на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави