Search

Бундеслигата сезонава со загуба од една милијарда евра

Бундеслигата, доколку на навивачите не им биде дозволено враќање на стадионите, оваа сезона ќе ја заврши со загуба од една милијарда евра, што е за 20 отсто помалку од заработката во сезоната 2018/19.

Минатата година Бундеслигата регистрираше пад од околу шест отсто, односно 250 милиони евра, откако на средина од сезоната во март, германското првенство беше погодено од пандемијата на коронавирус.

– Во оваа 2020/21 загубата ќе биде уште поголема. Нашите проценки се дека вкупната загуба ќе изнесува една милијарда евра, односно 20 отсто, изјави претседателот на Германската фудбалска лига (ДФЛ), Кристијан Шајферт.

Според него, вкупната загуба од март 2020 година до средината на 2022 година би можела да достигне две милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави