Search

УЕФА влегува во кампања за вакцинирање против коронавирусот

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) се приклучи во кампањата за имунизација со вакцинирање против коронавирус. Првиот човек на европскиот фудбал Александер Чеферин заедно со претседателката на Европската Комисија (ЕК) на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен повикаа заеднички за  прифаќање на ваквинирањето против коронавирусот. УЕФА важи за најмоќна неполитичка организација во Европа, па нејзиното вклучување во кампања е со цел луѓето да ја сфатат важноста од вакцинирањето, особено што истото нема да биде задолжително, а има  поголем број на луѓе кои се противат на имунизацијата.

-Луѓето се многу скептични, ама со заеднички пристап можеме да ги убедиме дека вакцината е нешто добро, рече Чеферин.

Претседателот на УЕФА, Чеферин на видео-конференциската врска со Фон дер Лајен најавил и поддршка за европскиот зелен план. „Европската куќа“ на фудбалот од Нион најави дека ќе се приклучи и кон европската спогодба за климата.

-УЕФА ја дели визијата за европскиот зелен договор и ние се залагаме како раководство на најпопуларниот спорт во Европа. Долгорочниот модел на европскиот фудбал почива на финансиската солидарност, вредностите и совршено е вклопен со визијата на ЕУ за инклузивно опоравување и одржливост. Ние сме моќен тим и се радувам на јакнењето на нашето партнерство во следните години. Мораме да го заштитиме нашиот европски модел за спорт за следните генерации, порачал Чеферин.

Треба да знаете
Последни објави