Search

Израел предупредува на можни напади од Иран

Израел денеска предупреди дека неговите институции во странство би можеле да бидат мети на напади од страна на Иран по неодамнешното убиство на иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде.

Израелското Биро за борба против тероризмот соопшти дека Иран би можел да изврши напади врз израелски објекти во Грузија, Азербејџан, Турција, Обединети Арапски Емирати и во Бахреин.

– Поради неодамнешните закани од иранските агенти и нивнта неодамнешна вмешаност во терористички напади во разни земји, постои загриженост дека Иран ќе се обиде на тој начин да дејствува врз израелски мети, се истакнува во соопштението на Бирото.

Треба да знаете
Последни објави