Search

Филипче: Ситуацијата полека се смирува, но се уште сме внимателни бидејќи вирусот е непредвидлив

Министерот Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека вирусот во последните неколку дена се смирува, но далеку сме од ситуација дефинитивно да кажеме дека сега може да здивнеме, меѓутоа и натаму здравствените и сите власти се внимателни, затоа што, како што кажа министерот, вирусот и натаму е непредвидлив.

-И во моментов имаме ист број на примени и испишани пациенти, ситуацијата полека се смирува, но сè уште сме внимателни бидејќи е многу непредвидлив вирусот, а ние немаме параметри кои може да прогнозираат веќе како ќе биде понатаму- рече Филипче.

Факт е дека притисокот кон болниците сериозно се намалува, вели Филипче.

Неколку дена имаме идентичен број на слободни кревети, но подготвени сме за сериозен голем број на притисок, вели Филипче.

Во врска со бројот на смрти случаи Филипче вели дека се забележани вакви случаи и во регионот.

-Ние имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот на пандемијата, се случува да земеме брис и посмортен, за да видиме дали лицето било позитивно ако ова не го правиме тогаш бројот ќе се намали- вели Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави