Search

Четворица повредени во судир на автомобил и камион кај Прилеп

На 15.11.2020 во 17.45 часот на регионалниот пат 1303 Прилеп-Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил “ауди” со кичевски регистарски ознаки управувано од Ќ.Х.(50) од Кичево и камион “ман” со битолски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(63) од с.Долно Оризари, битолско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ќ.Х., а со повреди се здобиле сопатниците во патничкото моторно возило, Ј.Х.(47) од с.Брждани, кичевско, С.И.(47) од с.Гарани, кичевско и 16 годишен малолетник од Кичево на кои им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.

За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави