Search

Кулушевски стрелец во победата над Хрватска, Германија убедливаа против Украина

Репрезентацијата на Шведска вечерва со 2-1 славеше против Хрватска во рамки на Лига А во Лигата на нации на УЕФА. Дебитански погодок на овој меч имаше шведскиот фудбалер со македонски корени, Дејан Кулушевски.

Тој ги „начна“ Хрватите уште во 36 минута, а во последните моменти од првиот дел Даниелсон прецизно стрелаше за 2-0 за „викинзите“.

Избраниците на селекторот Далиќ одиграа слаб меч без Дејан Ловрен и Домагој Вида во одбраната, како и без Марцело Брозовиќ. Почесниот погодок за Хрватска всушност беше автогол на стрелецот на вториот гол за Шведска – Даниелсон.

Во рамките на групата „4“, Германија го презема врвот откако со 3:1 вечерва во Лајпциг ја совлада селекцијата на Украина. Храбрите гости успеаја први да погодат преку Јаремчук и да дојдат до водство од 1:0. До полувремето веќе имаше пресврт.

Лерој Сане најпрво израмни за 1:1, а кон крајот на првите 45 минути Тимо Вернер погоди за водство на „панцирите“. Во второто полувреме Вернер постигна и втор гол за зголемено водство од 3:1.

Треба да знаете
Последни објави