Комисиска расправа за задолжителното пензионирање на 64-годишна возраст

 Измените и дополнувањата на законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж се во собраниска процедура и за нив денеска треба да расправа Комисијата за труд и социјална политика, откако вчера не се доржа оваа седница на Комисијата. Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица. Но, како што појасни вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано барање за продолжување на работниот однос.

Треба да знаете
Последни објави