Search

Рупер Гринт се пријави на Инстаграм со симпатично селфи

Поранешната ѕвезда на „Хари Потер“ Руперт Гринт се приклучи на Инстаграм за да ја покаже првата фотографија од неговото бебе кое се роди пред неколку месеци.

Руперт во мај годинава доби ќерка со неговата девојка Џорџија Грум, а сега, тој ја сподели и првата фотографија од девојчето, што всушност беше и негова прва објава на социјалните мрежи.

Руперт го потврди името на новороденчето, откривајќи дека тој и Џорџија го одбрале името Венсдеј, (Wednesday или во превод Среда).

Покрај селфито, на кое тој го држи во раце новороденчето – чие лице не беше прикажано – Руперт напиша: „Здраво Инстаграм … доцнам само 10 години, но еве ме. Останете безбедни, Руперт ”

31-годишниот актер и колешката актерка Џорџија (28) беше потврдено дека ја дочекаа нивната ќерка на почетокот на мај.

Нивниот претставник тогаш објави: „Руперт Гринт и Џорџија Грум со задоволство го потврдија раѓањето на нивното девојче. Ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие многу посебни моменти.“

Треба да знаете
Последни објави