Search

Додека сите се восхитуваа на неговата глума во „Игра на тронови“, тој гладувал: „Немав ни за сметки, а не пак за децата“

Актерот Џејсон Момоа (41) изјавил нешто што многу актери го премолчуваат: „Моето семејство и јас гладувавме после мојата улога во ‘Игра на тронови’. Долго време не можев да најдам работа, а многу е непријатно кога дома имаш бебе и си должен“.

Џејсон имаше забележителна улога како Кал Дрого во серијалот ‘Игра на тронови’, но по таа улога долго време ништо не работел, па бил во тешка финансиска ситуација. Со месеци се борел да ги плати сметките за станот во Лос Анџелес во кој живеел со сопругата Лиса Бонет и нивните две деца – Лола (13) и Никоа Волф (11).

Додека неговите колеги доживувале огромен успех за време на прикажувањето и снимањето на „Игра на тронови“, Џејсон Момоа поминувал низ тежок период од животот, бидејќи ликот кој го толкувал починал во првата сезона од серијата, во 2011-та година.

Само неколку години по таа улога, Џејсон бил забележан во Холивуд, па го толкувал главниот лик во филмот „Aquaman“, потоа и во филмот Бетмен против Супермен, за во 2019-та година да го позајми гласот за ликот од Лего филмот: Втор дел.

И денес Момоа стравува за неговата кариера.

„Сè уште се чувствувам како изгубено дете кога ќе си го видам името покрај имињата на славните актери“, признал тој.

Што се однесува до родителството, Џејсон вели: „Не знаев што е потребно за да бидеш вистински татко. Не сакам на син ми да му ја кажам реченицата: ‘бидејќи јас велам така’. Навистина сакам да се поврзам со него, да имаме отворен однос“, вели Момоа.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави