Search

Астон Вила го растури Арсенал на ,,Емирати”

Астон вила стигна до голема 3:0 победа на гостувањето кај Арсенал, враќајќи се на победите по два порази во низа.

Вила, кои сезонава изненадувачки ја стартуваа со четири победи во низа, потоа ги загубија следните два натпревари. Но на „Емирати“, Вила се закани уште на стартот, кога Шкотланѓанецот Џон Мекгин уште во 43. секунда постигна гол, кој беше поништен поради офсајд на Рос Баркли.

Сепак, гостите отидоа на пауза со предност, откако Букајо Сака си постигна автогол во 25. минута од мечот, и сосема заслужено имаа одлични 45 минути. Арсенал се обиде да се врати во игра во второто полувреме, меѓутоа Оли Воткинс ги казни двапати во 72. и 75. минута за славна победа на Вила.

https://twitter.com/i/status/1325540694698713088

https://twitter.com/i/status/1325541938418905088

Треба да знаете
Последни објави