Search

Петровска после долги години ја врати ружата и бојата во СДСМ

Актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска ја смени својата позадина на Фејзбук и предизвика многу емоции кај членството на СДСМ.

Враќајќи го старото лого и старото знаме на СДСМ Петровска предизвика ерупција на воодушевување кај членството кое со восхит коментираше дека партијата треба да се врати на вистинските членови и симпатизери.

Инаку денеска лидерот во заминување Димитар Ковачевски и официјално поднесе оставка по што во партијата треба да се одржат следните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави