Search

Тиквеш испиша клупска историја со освојувањето на Купот на Македонија

Тиквеш е новото име на спсокот со освојувачи на фудбалскиот Куп на Македонија што ќе биде врежано во големиот преоден пехар на ФФМ. Во пресметката на дебитантите во финалето од најмасовното натпрреаврување, прволигашот од Кавадарци Тиквеш ја совлада Воска спорт од Охрид (2:1). Тиквеш сосема заслужено испиша клупска историја со освојувањето на прв трофеј од своето постоење. Кавадарчани бодрени од неколку илјади свои навивачи на арената „Тодор Проески“ во Скопје целосно доминираа уште од самиот почеток на мечот.

Тиквеш поведе во финишот од првото полувреме со прецизено изведен слободен удар на Христијан Стојкоски. Офанзивната на кавадарчани резултираше со втор гол на Луан Силва во 59-та минута, па тоа беше најава за голем успех на Тиквеш, иако завршницата донесе и драма. Грешката на голманот Ренер му овозможи на Шаркоски да намали на 2:1, но во 92-та минута, голманот на Тиквеш прерасна и во херој, бидејќи со одлична интервенција спречи втор гол за Воска и продолженија. Кавадарчани ќе бидат дел од европските квалификации во Конференциската лига.

Треба да знаете
Последни објави