Search

МОФ: Трета интервенција за унапредување на заеднички простории во студентски домови

Младинскиот образовен форум (МОФ) објави денеска дека е почната третата интервенција за унапредување на заедничките простори во студентските домови, заедно со МЕЛЕЕМ Скопје и Здружение на Правници ЛЕГАЛ Тинк.

Како што објави МОФ, тоа е во рамки на проектот за Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

-Оваа интервенција се случува во Студентскиот Дом „Браќа Миладиновци” во Штип, по оние спроведени во СД „Пелагонија” во Скопје и СД „Кочо Рацин” во Битола, додава Младинскиот образовен форум на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави