Search

Мицкоски се плаши од нов пораз, од нова казна, затоа бега од граѓаните и од изборите во Штип

Губитникот Христијан Мицкоски се плаши од нов пораз, од нова казна од граѓаните за сите негови деструкции и погрешни политики. Затоа повторно бега од граѓаните, бега од изборно соочување во Штип, се вели во реакцијата на валадеачката СДСМ.

-Воопшто не му грижа на Мицкоски за здравјето на граѓаните, лично тој и неговата партија се најголемата опасност, најголемата закана за јавното здравје.

-Од почеток на пандемијата со коронавирусот Мицкоски се труди да ја поткопа борбата против вирусот, не ги почитува мерките, оди по кафани и теретани, шири лажни вести, организира настани каде масовно се кршат протоколите.

Згора на се, неговиот Вело Марковски јавно велеше дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носи маска и дека што повеќе луѓе треба да се заразат.
Само губитник како Мицкоски бара вонредни парламентарни избори а бега од предвремен локални избори во Штип, истовремено. Тоа е истиот Мицкоски кој бараше парламенатрните избори да се одржат наесен.
Толку е Мицкоски уплашен од граѓаните, толку е очаен и осамен.
Мицкоски се обидуваше да избега и од парламентарните избори, и тогаш лажеше дека наводно ќе биле небезбедни по јавното здравје. Напротив, СДСМ, институциите на изборите покажаа дека може да се спроведе изборен процес и кампања целосно  безбедни по здравјето на граѓаните.
Такви ќе бидат и изборите за градоначалник во Штип и Пласница, целосно безбедни за здравјето на граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави