Search

Претседателот на Косово Тачи поднесе оставка откако му е потврдено обвинението за воени злостортва

Претседателот на Косово Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата откако му беше потврдено обвинението против него пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово со седиште во Хаг.

Во своето вонредно обраќањето на јавноста, Тачи нагласи дека нема да дозволи „ да му се суди на еден претседател на Косово” и порача дека ќе соработува со Судот во Хаг.

– Пред неколку моменти бев информиран од надлежни лица дека официјално судија го потврдил обвинението против мене. (…) Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денеска поднесувам оставка од пртеседателската функција. Се чувствувам многу горд за одговорноста која ја понесов, изјави Тачи.

Треба да знаете
Последни објави