Search

Бајден во Филаделфија: Избираме надеж наместо страв и вистина пред лаги

„Избираме надеж наместо страв, избираме вистина пред лаги, избираме наука наместо фантастика”, изјави демократскиот кандидат за изборите за претседател во САД, Џо Бајден.

Обраќајќи се на стотина поддржувачи на отворено во Филаделфија со помош на мегафон, Бајден се заложи дека ќе ја подобри контролата врз пандемијата на коронавирусот, во која во САД живот загубија повеќе од 232.000.

Тој порача дека доколку победи, ќе ги обедини САД, а не да ја дели на црвена и сина Америка.

Бајден, исто така, оцени дека како гласа Филаделфија, така ќе гласа и Пенсилванија.

Пенсилавија се смета за една од т.н. „колебливи” држави, од каде доаѓаат 20 електорски гласови.

Треба да знаете
Последни објави