Фулам стигна до првиот триумф сезонава, Митровиќ двоен асистент

Фулам ја запиша првата победа сезонава во Премиерлигата, откако вечерва славеше на домашен терен против ВБА со 2-0.

Лондонскиот премиерлигаш дојде во водство во 26 минута преку Боби Рејд, а само четири минути подоцна екс играчот на Челси, Ола Аина, со прекрасен гол од дистанца ги постави конечните 2-0.

Двоен асистент во триумфот на Фулам беше српскиот репрезентативец Александар Митровиќ.

ВБА со Славен Билиќ на клупата се уште е без триумф во новата сезона, а следното коло го чека пресметка против Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави