Ѓоковиќ ги налути организаторите на турнирот во Виена

Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ на турнирот во Виена каде додјде да игра по пауза од 13 години неочекувано загуби во четвртфинаелто од анонимниот италијански тенисер Лоренцо Сонего. Новак на мечот со Италијанецот освои само три гема што претставува голем срам за тенисер од негов ранг.

Организаторите не се налутиле толку поради поразот, колу од неговата изјава кога јавно кажал дека настапил на турнирот само за да го осигура првото место на АТП листата и дека освојувањето на титулата на истиот не му била приоритет.

-Такви изјави се несмасни и непотребни,  дури и ако така  мислеше,  едноставно тоа не се кажува на прес конференција, навивачите се разочарани што не го видоа во финалето  – беше коментарот на организаторите на турнирот.

Треба да знаете
Последни објави