(ВИДЕО) Терористички напад во Виена: Најмалку седум загинати кај синагогата

Најмалку седум лица загинаа, а неколку се повредени вечерва во Виена во близина на синагогата, а според првичните информации, ранет е полицаец кој ја обезбедувал зградата.

Според првичните информации, нападот го извршиле двајца напаѓачи вооружени со ” калашникови”.

Неофицијално, еден од напаѓачите се разнел со екплозив по престрелката со полицијата.

 

„Кронен цајтунг“ наведува дека биле истрелани неколку куршуми во близина на Шведенплаца. Локалните медиуми јавуваат и дека луѓе бегале од тој дел од градот кога ги слушнале пукотниците.

Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелира до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите домови.

image Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат терористичко пукање.

„Има неколку повредени лица“, објави полицијата на Твитер.

image

„ Ние сме на самото место со сите расположиви сили. Ве молиме избегнувајте ги сите јавни плоштади во градот”, се вели во полициското соопштение.

Голем број полицајци се на лице место, како и брза помош

image

Треба да знаете
Последни објави