Црната ситуација со корона во Македонија може да се спречи со оставка на Филипче

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Мартин Костовски

„Заев и СДСМ со нивниот министер Филипче наместо да се ангажираат околу корона кризата, тие си ги бркаат своите бизниси.

Заев и СДСМ со нивниот министер Филипче наместо да дејствуваат, си прават пиар – носи маска.

И додека сите земји во Европа преземаат мерки, СДСМ и Филипче тераат кампања – носи маска.

И додека бројот на починати надмина илјада лица, СДСМ и Заев и повторно продолжуваат само со кампањи.

Не е време за кампањи, време е за мерки и за конкретни чекори.

Но, од ден на ден и по девет месеци од корона кризата се покажа многу јасно дека додека Заев е премиер, а министер Филипче црно им се пишува на граѓаните.

Затоа единствено нешто што може да помогне во целата оваа црна ситуација е оставката на Венко Филипче!

Треба да знаете
Последни објави