Search

Илјадници Израелци на протест во Ерусалим против Нетанјаху

Илјадници Израелци протестираа во Ерусалим против премиерот Бенјамин Нетанјаху затоа што му се суди за корупција и поради лошиот одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Демонстрантите вееја израелски и розови знамиња, кои станаа симбол на движењето на протестот, додека маршираа кон плоштадот во близина на резиденцијата на премиерот и носеа транспаренти на кои пишуваше „Спаси ја земјата, бори се против корупцијата” и „Револуција”.

Помали демонстрации се одржаа низ целата земја.

Демонстрантите го критикуваат Нетанјаху за последиците од пандемијата врз економијата и исто така му се спротивставуваат како премиер бидејќи против него се покренати обвиненија за измама, злоупотреба на доверба и примање мито.

Ваквите демонстрации траат со месеци и продолжуваат во време кога во Израел постепено се укинуваат ограничувањата наметнати на 18 септември поради пандемијата.

Продавниците, хотелите и рестораните се затворени за да се запре ширењето на инфекцијата.

Израел се чинеше дека успешно се спротивстави на пандемијата во пролетта, но невработеноста нагло се зголеми.

Сепак, првите мерки беа брзо укинати, што доведе до нагло зголемување на бројот на заразени, а земјата мораше да воведе нови ограничувања.

Треба да знаете
Последни објави