Search

Докторка од црногорски Клинички центар бара со налог да се затвори ковчегот на Амфилохие

Лекарката на Клиничкиот центар на Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од претседателот на Националното координативно тело (НКТ) да издаде наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохие, проценувајќи дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е легло на зараза, пренесува Радио Слободна Европа.

– Не знам колку сте моќни, но знам дека сте обврзани да се однесувате кон сите нас, граѓаните на Црна Гора, како еднакви во секое време, затоа што сте претседател на НКТ, изјави Павличиќ, пренесува РСЕ.

Лекарката вели дека секој треба да биде погребан според истите правила, „а не да се прават настани и промоции за лидери на други земји”.

– Сопругот на моја пријателка беше изнесен од Клиничкиот центар во пластична кеса и таа имаше 15 минути да се збогува, таа и нејзините две деца, со починатиот кој имал 57 години. Родителите не можеле да го видат своето дете, нагласи Павличиќ, која апелираше НКТ да реагира.

Ковчегот со посмртните останки на митрополитот вчера беше предаден во Подгорица и е изложен во Црквата Христово воскресение, каде што минаа голем број граѓани за да му оддадат почит.

Телото на митрополитот ќе биде во Храмот до погребот, а цело време граѓаните што сакаат да се збогуваат од Амфилохије ќе можат да го сторат тоа во поворка.

Амфилохије почина во петокот, откако беше примен во Клиничкиот центар во Подгорица на 6 октомври, каде што му беше укажана лекарска помош поради компликации поврзани со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави