Search

Без Лукаку, Интер од бламажа на „Меаца“ го спасија Хрватите

Во натпреварот од шестото коло во Серија А, Интер во последните моменти од средбата успеа да доје до бод против Парма играјќи 2:2. „Нерозѕурите“ на овој натпревар играа без својот најдобар стрелец Ромелу Лукаку и тоа се почувствува во играта.

Неговото место во нападот го зазеде Иван Перишиќ кој постигна гол, но се чувствуваше отсуството на Лукаку.

Домашните фудбалери доминираа во првото полувреме, имаа 62% од поседот на топката, шест пати шутираа кон голот на Парма, но немаше играч како Лукаку да постигне гол. Од друга страна, фудбалерите на Парма се одлучија да се бранат и првиот шут кон голот на Интер го упатија на стартот од второто полувреме кога и Жервињо го совлада голманот на Интер, Хандановиќ.

Истиот фудбалер во 62. минута ја зголемува предноста на Парма на 0:2. Интер само две минути подоцна преку Брозовиќ намали на 1:2, а Иван Перишиќ со голот во 92. минута го спаси Интер од пораз.
Аталанта благодарение на головите на Луис Муриел го совлада Кротоне со 1:2 и се искачи на второто место на табелата со 12 бода, еден помалку од лидерот Милан.

Треба да знаете
Последни објави