Search

Алушовски: Секоја чест за овие момци и нивниот карактер

Вардар 1961 дојде до првите два бода во новата сезона во Лигата на шампионите и тоа против лидерот во групата Фленсбург. Задоволството во редовите на актуелниот европски првак е големо, но „црвено-црните“ цврсто газат по земја, немаат време да се радуваат, целосно ќе се насочат кон дуелот со Порто.

„Ова е една голема победа ќе би даде потик да бидеме вистински понатаму. Честитки за карактерот на овие момци, иако не игравме мечеви, сепак добро го анализиравме противникот. Пред нас е нов натпревар, немаме многу време за славење, мора да се подготивме за Порто. Ова се два големи бода кои ќе ни го отворат патот“, рече Алушовски, а потоа додаде:

„Вујин имаше здравствени проблеми во последните два дена, Чупиќ одигра како врвен десен бек, тој е многу поискусните, еден од најдобрите на овој меч, ова беше наша тактикча замисла, она што го замисливме со Иван го остваривме“.

Треба да знаете
Последни објави