Search

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи 

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во август годинава се пониски за 1,8 отсто на месечно ниво и за 32,7  проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторниот бензин е иста на месечно ниво, а понсика за 32,4 отсто на годишно ниво. Кај дизелот увозната цена е пониска за 2,6 на месечно и за 35,1 отсто на годишно ниво, додека кај автоплинот е пониска за 2,8 отсто на месечно и за 9,1 отсто на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Треба да знаете
Последни објави