Search

Јунајтед се засили со Кавани

И официјално во последните часови од преодниот рок, Манчестер јунајтед го промовираше големото засилување кое се најавуваше во текот на изминатиот период.

Единсон Кавани (33), познат и како „Ел Матадор“ потпиша договор на една година со „црвените ѓаволи“ со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Уругвајскиот интернационалец ја освои „Златната копачка“ во „Лига 1“ и Серија А, од доаѓањето во Европа во 2007 година реализираше 341 гол на клупско ниво, вклучувајќи 35 во УЕФА Лигата на шампионите.

Со ПСЖ имаше шест лигашки титули и со 200 запишани погодоци се промовираше во водечки стрелец на вечната листа на париските „светци“.

-Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови во светот, голема чест е да биде дел од оваа екипа. Имам желба да се натпреварувам и го претставувам овој неверојатен клуб. Сум играл пред некои од најстрасните поддржувачи во фудбалот за време на мојата кариера и знам дека така ќе биде и во Манчестер. Едвај чекам да ја доживеам атмосферата на „Олд Трафорд“, секако кога ќе биде безбедно за навивачите да се вратат.Едвај чекам да продолжам да ја пишувам мојата мала приказна во фудбалската книга и знам дека затоа мојот фокус мора да остане ист како и секогаш – работа, работа, работа. Имав разговор со менаџерот и ова ја зголеми мојата желба да го носам овој прекрасен дрес, вели Кавани за клупскиот сајт на Манчестер јунајтед.

На последниот ден од преодниот рок Jунајтед го промовираше и новиот играч кој доаѓа од редовите на Порто, Алекс Телеш (27) кој потпиша договор на четири години со опција соработката да биде продолжена на уште една година. Овој лев бек од 2016 година за неговиот досегашен клуб запиша 26 голови и повеќе од 50 асистенции, двапати беше шампион на Португалија.

Треба да знаете
Последни објави