Search

Помладиот Алкантара од Барса се сели во ПСЖ

Неколку минути пред затворањето на преодниот рок, Рафиња Алкантара потпиша за Пари Сен Жермен, пренесува „Мундо Депортиво”.

Играчот од средниот ред на Барселона заминува за Париз без трансфер такса, но со потенцијални 3,5 милиони евра во форма на клаузули.

Покрај тоа, шпанскиот клуб ќе добие 35% од последователната продажба на Бразилецот.

Во последните години, Рафиња минуваше периоди на позајмица во Селта и Интер и немаше никакви индиции дека Роналд Куман ќе се потпира на него.

Треба да знаете
Последни објави