Search

Мурињо: Тотенхем со дефанзивниот тренер дава 5, 6 гола… а замислете со офанзивен!

Жозе Мурињо, стратегот на Тотенхем, по големата победа од 1:6 во дербито против Манчестер Јунајтед не заборави да испрати порака до сите оние кои го критикуваа дека негува дефанзивен стил на игра. Португалецот истакна дека Тотенхем бил повеќе свесен за силата која ја поседува тимот и заслужено дошол до победа на „Олд Трафорд“.

-Бевме повеќе свесни за нашата сила и квалитет и начин на игра од Манчестер Јунајтед. Одигравме доста добро, ако луѓето сакаат да анализираат, 11 против 11, тогаш може да анализираме колку добро одигравме и колку доминиравме. Ја контролиравме играта лесно откако противникот остана без еден играч. Задоволен сум од она што го видов, изјави Мурињо.

Потоа, тој откри што зборувал со фудбалерите на полувремето.

-Им кажав да го почитуваат фудбалот, затоа што фудбалот знае да биде кучка. Иако водевме со 1-4, им кажав да го почитуваат Манчестер Јунајтед, затоа што овој клуб не се предава на овој стадион. Им кажав каде да го најдат местото за игра за да може да ја контролираат играта. Важно е што победивме и што ги освоивме трите поени, додаде тој.

Мурињо одговори на критиките дека негува дефанзивен тим на игра.

-Замислете Тотенхем да имаше напаѓачки тренер! Со дефанзивен тренер даваат 5, 7, 6 гола, а со напаѓачки ќе даваа 10, 11, 12. Овој тим има квалитет и талент, тоа го покажуваат бројките. Среќни сме, сега одиме на репрезентативна пауза и потоа гледаме кон другите мечеви, заврши Мурињо.

Тотенхем во Премиер лигата по четири кола има две победи. Во следната рунда ќе биде домаќин во малото лондонско дерби со Вест Хем.

Треба да знаете
Последни објави