Search

(Видео) Евра се расплака среде емисија по дебаклот на Јунајтед

Патрис Евра многу тешко го доживеа поразот на Манчестер јунајтед од 1:6 против Тотенхем и видно вознемирен се расплака среде емисија.

Поранешниот десен бек од шампионската класа на Сер Алекс Фергусон не е навикнат на вакви порази, па дури и најави дека ќе си замине од студиото на Скај спортс, чиј стручен аналитичар е за натпреварите од Премиерлигата.

„Ова е премногу тешко за мене. Не знам што се случува со мојот клуб. По заминувањето на Фергусон почна падот на Манчестер јунајтед и тоа се уште трае. Ги менуваме тренерите, но сега ми се чини дека Оле и не е виновен. Јас сум оптимист, но по пораз од 1:6 нема многу место за оптимизам. Ме разочарува односот на играчите на теренот и ова е далеку, многу далеку од реномето на клубот.Се секаќаве ли дека Алексис Санчез по првиот тренинг за Манчестер Јунајтед побарал раскин да договорот. Сега јас барам од Скај Спртс да го раскинеме договорот по овој пораз. Не можам да ја кажам вистината за Јунајтед, бидејќи го сакам клубот, но би рекол се и сешто, вели Евра.

Патрис играше за Манчестер јунајтед од 2006 до 2014 година и освои пет шампионски титули во Англија, еден пехар во Лигата на шампионите и во богатата колекција во кластерот Манчестер јунајтед има уште 3 трофеи во Лига купот, четири во Комјунити шилд и една на Светскиот клупски куп.

По заминувањето на Фергусон и неговата шампионска класа Црвени ѓаволи, клубот нема ниту една титула во англиското првенство.

Треба да знаете
Последни објави