Заев се сретна со амбасадорот на БиХ, Јаќимовиќ: Пријателството го унапредуваме посветени на регионалната соработка и европската перспектива

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Н.Е. Драган Јаќимовиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина во нашата држава, кој му посака успешна работа во новиот мандат во насока на одржување на стабилност и просперитет за сите граѓани.
Премиерот Заев и амбасадорот Јаќимовиќ изразија задоволство од цврстите пријателски односи кои ги имаат двете земји, констатирајќи дека нема отворени билатерални прашања, туку само услови за унапредување на соработката во областа на економијата, енергетиката, туризмот и областите значајни за граѓаните на двете држави.
На средбата беше изразено задоволство од иницијативите за регионална соработка и изразена подготвеност за соработка за што поскоро остварување на евроинтеграциската стратешка цел на Северна Македонија, како и на Босна и Херцеговина.

 

Треба да знаете
Последни објави