Search

Македонија скокна две места на ФИФА-рејтинг листата

Фудбалската репрезентација на Македонја напредуваше за две позиции на најновата ФИФА- рејтинг листата и сега се наоѓа на делба на 66. позиција. Победата над Ерменија (2:1) и ремито со Грузија (1:1) во воведните две кола од новата сезона во Лигата на нации и овозможија на македоснакта репрезентација да го направи овој исчекор.

Македонската репрезентација 66 место го дели со Саудиска Арабија и Албанија.

Македонија има најдобар рејтинг од противниците со кои  игра во групата од Лигата на нации (Грузија е 89, Ерменија 101, а Естонија 108), а има подобар рејтинг и од Косово (116. место) противникот во полуфиналето од баражот за пласман на ЕП-2020 кое ќе се игра идната година.

Лидер на рејтинг листата е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.

Треба да знаете
Последни објави