Search

(Видео) Манасков ја погоди мрежата на Нант на магичен начин

Натпреварите од првото коло во новата сезона во ракометната Лига на шампиони, покрај настапот на македонскиот и сеуште европски првак Вардар, кој загуби на гостувањето кај белорускиот Брест Мешков (24:22), за домашната спортска јавност интересен беше и дуелот меѓу Нант и Веспрем. За францускиот Нант настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров, а во редовите на унгарскиот Веспрем, неговиот колега од државниот тим Дејан Манасков.

Пресметката  како гостин ја доби Веспрем (28:24), но она што го одбележа дуелот е погодок на Манасков кој е постигнат на магичен начин. Веднаш го издвои ЕХФ и ќе конкурира за најдобар во првото коло.

Манасков и Лазаров постигнаа по пет погодоци.

Треба да знаете
Последни објави