Search

(Видео) Алиоски: Бадијала е голот кога не се пласиравме во второто коло

Македонскиот фудбалски репрезентативец Егзијан Алиоски синоќа го постигна голот првенец во новата сезона, откако се запиша во листата на срелци за неговиот Лидс во куп натпреаврот против Хал, но погодокот донесе малку сатистфакција за него по елиминацијата на неговата екипа во пенал-рулетот.

„Постигнав гол, меѓутоа многу подобро ќе беше ако победевме и се пласиравме во второто коло. Бадијала е голот кога не се пласиравме во наредната рунда. Секогаш уживам кога ќе постигнам гол, ама повеќе сакам да победуваме. Сега не се случи тоа. Сигурно, ова не беше мојот најдобар натпревар, се борев, дадов сè од себе, но… Како да бевме мрзливи на терен. Можеби бевме сигурни дека лесно ќе ја минеме првата пречка. Ова е Лидс, клуб кој секогаш цели кон трофеи, без разлика од кое натпреварување. Карабао Купот не е така атрактивен, но сепак на крај носи титула – вели Алиоски.

https://twitter.com/i/status/1306332253220470784

Треба да знаете
Последни објави