Општина Бутел ќе доделува сертификати на најуспешните наставници во он-лајн наставата

Утре, 17.09.2020 г. ( четврток ), во дворот на ОУ ,,Живко Брајковски,, со почеток во 10,30 ч. градоначалникот Велимир Смилевски ќе им додели сертификати на наставниците кои дадоа особен придонес во реализацијата на учењето од далечина.

Сертификати ќе добијат 50 наставници од сите седум основни училишта во Општина Бутел, од кои: 19 за подготовка и учество во телевизиските образовни емисии во рамките на ,,ТВ училница,, што одеа во живо на Македонската телевизија, и 31 наставник кои учествуваа во подготовката на Националната веб-платформа ЕДУИНО.≠≠≠

 

Треба да знаете
Последни објави