Search

Вардар како аутсајдер ќе излезе на мегдан со Брест Мешков

Македонскиот и сеуште актуелен европски машки ракометен првак Вардар пред денешнот  (18.45 ч.) старт на новата сезона во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите со гостинскиот меч против Брест Мешков ја нема улогата на фаворит. Ремонтираниот тим на „црвено-црните“ има дури девет нови играчи, а белорускиот првак ги освежи своите редови со четири нови имиња.

Вардар со вака изменет состав сеуште не е на посакуваното рамниште во играта. Прикажа бледи изданија во подготвителниот период, а не го одбери и приматото шампион во регионалната СЕХА-лига. Игра со доста осцилации а тоа може да му биде најголемиот противник на гостувањето кај белорускиот состав. И Мешков Брест неможе да се пофали дека игра на врно ниво. На завршницата од СЕХА-лигата беше елиминирана во полуфиналето, а Вардар со пресврт се избори за настап во финалето, но не го одбрани трофејот. Унгарскиот Веспрем беше пресилен за денешните ривали во ЛШ, Вардар и Брест Мешков.

За разлика од завршницата на СЕХА-лигата каде бранителот на трофејот Вардар отпатува за Задар без капитенот Стојанче Стоилов кој имаше позитивен тест на коронавирусот и мораше да змине во самоизолација, сега тој ќе ги предводи своите соиграчи откако го мина задолжителниот карантин и се излекува од Ковид 19.

Фаворитската улога и според обложувалнивите ја има домашниот тим Брест Мешков.

Коефициентот за победа на Мешков се движи од 1.25 до 1.34 (за 1 вложено евро, добивате 1.25 евра), за реми коефициентот е од 10.00 до 12.00, додека за победа на Вардар, коефициентот се движи од 4.33 до 5.10 ( за 1 вложено евро добивате 4.33 евра).

 

Треба да знаете
Последни објави