Search

Неколкумина полесно повредени во сообраќајка на пет автомобили кај Радовиш

Во сообраќајка која се случи попладнево во 16:30 часот на местото „Директорска кривина”, на патот Радовиш-Штип, учествувале пет автомобили, при што неколку лица се полесно повредени.

Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информрираше дека сообраќајот на овој дел бил пренасочен по споредeн пат.

Увид на местото на несреќата, по овластување на јавен обвинител, е извршен од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш.

Треба да знаете
Последни објави