Search

Хоти се враќа во Брисел на нова рунда разговори

Косовскиот премиер Авдулах Хоти по вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утре се враќа во Бртисел на нова рунда разговори. Според електронското издание на Клан Косова, Хоти утре ќе одржи неколку средби во Европскиот парламент во Брисел, каде што ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, се наведува во соопштението на владата во Приштина.

Хоти меѓу другото, ќе се состане со членовите на косовската група пријатели во Европскиот парламент, европратениците и со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави