Русите вршат масовно тестирање на вода и храна за присуство на коронавирусот

Од 3 септември, во сите делови на Руската Федерација се врши тестирање на храна и вода за присуство на коронавирус.

Ова денеска го изјави Ана Попова, шефица на руската федерална служба за надзор на заштитата на потрошувачите и благосостојбата на населението.

Обраќајќи им се на учесниците на конгресот за заразни болести, што се одржа преку интернет, Попова рече дека методот за тестирање е развиен во истражувачкиот центар „Вектор“ во Новосибирск со цел да се проучи циркулацијата на вирусот во животната средина.

Според агенцијата „Тасс“, вакво тестирање пред 3 септември било извршено кај седум субјекти во Руската Федерација.

Треба да знаете
Последни објави