Пукање во Британија, учествувал и 11-годишен ученик кој одел на училиште

Полицијата интервенира поради, како што го нарекоа, сериозниот инцидент во Сафолк, Велика Британија, по пријавата за пукање во кое е вклучен и 11-годишен ученик, кој бил на пат кон училиште.

Полициските службеници биле повикани на фармата Гранџ поради пријава за пукање.

Џулија Аптон, директорката на средното училиште во Кесгрејв, потврди дека 11-годишен ученик на пат кон училиште учествувал во пукањето, според „Ипсвич стар“, но сè уште не е познато во кое својство.

Учениците ќе останат на училиште и се очекува да бидат отпуштени во вообичаеното време од 15:20 часот, рече таа во пораката до родителите.

Полицијата соопштидека се наоѓа на местото на сериозниот инцидент во Кесгрејв.

Треба да знаете
Последни објави