Леброн се проби до второто место на вечната листа од НБА разигрувањето со погодени тројки

Лос Анџелес лејкерс го совладаа Хјустон во вториот натпревар од конференциското полуфинале во кошаркарскиот НБА плејоф. Најдобриот кошаркар на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 28 поени и забележа 11 скока. При тоа Џејмс уфрли една тројка и се проби на второто место на вечната листа во НБА плејофот, според погодени удари за три поени.

Леброн има 386 реализирани тројки во разигрувањето за трофејот. Зад него остана Реј Ален со 385.

Убедливо прв е Стеф Кари со 470 погодени тројки.

Треба да знаете
Последни објави