Барселона ја подготвува последната понуда до Интер за Мартинез

Шпанскиот фудбалскли гигант Барселона има намера да ја подготви и испрати последната понуда до италјанскиот Интер за да се реализира трансферот на напаѓачот Лаутаро Мартинез.

За Каталонците, 23-годишниот Аргентинец и натаму е приоритетна цел да го замени Луис Суарез.

Мартинез не крие дека би сакал да игра во ист тим со Лионел Меси. Сепак, откако каталонскиот капитен ја објави својата желба да го напушти клубот, Мартинез направи пауза во преговорите со Барселона.

Минатата сезона Аргентинецот постигна 14 голови и седум асистенции на 35 натпревари во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави