(Видео) Чупиќ со висок тон реагираше оти Алушовски 20 минути ги молел играчите да играат

Македонскиот ракометен првак Вардар го загуби приматот во регионалната СЕХА-лига од унгарскиот Веспрем. Во финалето на завршниот турнир одигран во Загреб, каде Веспрем без проблеми го совлада бранителот на трофејот Вардар (35:27). Лошото издание на „црвено-црните“ при крајот на првото полувреме кулминираше со вербален инцидент меѓу тренерот Стевче Алушовски и искусниот хрватски ракометар Иван Чупиќ.

Хрватот Чупиќ видно изнервиран од играта и резултатот на „црвено-црните“ му викна со повисок тон на Алушовски дека  „20 минути ги молел ракометарите да играат“, на што реагираше и тренерот.

Треба да знаете
Последни објави