Владата ги заборави викендите без ДДВ откако поткупот го завршија со ваучерите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција на која најави дека партијата ќе почне протести од среда, се осврна и на најавениот четврти сет економски мерки од Владата, за со кои смета дека шират лажен оптимиза, бидејќи не се реаализирани ни тие од третиот пакет мерки.

-Тоа го слушав и го читав викендов во различни интервјуа дадени од страна на двајца ресорни министри кои работат на полето на економијата. Не можев да се изначудам затоа што бројките кои се егзактни се сосема спротивни на она што тие го кажуваат. Во ред, јас разбирам да се шири оптимизам, но ако тој оптимизам ако не кореспондира со бројки тогаш има знак на равенство кој се вели лага. Лошо е кога како министер го отпочнувате својот мандат со лага, тогаш таа лага велат како дрвото ќе биде насадено така и ќе изрти, ќе ве следи низ целиот мандат и ќе го добиете епитетот лажго како тој што ја предводи оваа влада. Е сега, ајде да се вратиме на третиот пакет. Од третиот пакет ако го погледнете, реализирани се само оние мерки со кои требаше да направат поткуп, односно поделени се ваучерите, вели Мицкоски.

Тој потсети на една мерка која што беше ветена во третиот пакет, викенд без ДДВ во септември.

-Помина еден викенд во септември, сега е позади нас, дали вие слушнавте за таква мерка дека ќе имаме викенд без ДДВ, а имавме две владини седници. На едната се рушеше дивоградбата кај Мавровка, а на втората владина седница се делеа мандатните писма. А, можеше да се донесе одлука, еве овој месец септември, сите викенди да бидат прогласени виденди без ДДВ. Зошто тоа не го направија? Еве тоа е третиот пакет, не мора четвртиот. Еве ќе ви дадам уште една мерка која што требаше да се реализира во септември месец, предвидува 31 милион евра како поддршка на безкаматни кредити и 30% субвенции за кредити дадени за жени кои што водат  бизнис, кој што вработуваат млади луѓе или се извозно ориентирани. Слушнавте некаде дека таа мерка се имплементира? Еве трета мерка ќе ви дадам, исто во септември требаше, предвидува 150 милиони поддршка за стопанството, така што државата ќе гарантира пред комерцијалните банки за кредити кои што ќе ги земат домашните компании. Дали слушнавте нешто дека се случува во септември месец за ова мерка од третиот сет на мерки. Ама затоа пак ќе слушнете дека поддршката била неколку стотици милиони и така натаму. Само лага, неправда. Затоа јас не можам да очекувам ништо повеќе и ништо помалку од мафија,вели Мицкоски.

Тој им упати совет до новите министри, бидејќи, како што вели „не беа во онаа претходна мафијашка структура со овој ист мафијаш кој што ја предводеше таа мафијашка структура“.

-Ова се мафијаши кои што со лага, поткуп, закани, уцени и притисоци владеат, еве веќе четврта година, во државата. Немојте да го почнувате мандатот слугувајќи му на овој мафијаш, слугувајте им на граѓаните, бидејќи тие ви ја дале довербата. Завршете го прво третиот пакет сет мерки, а потоа отпочнете го четвортиот сет пакет мерки, рече лидерот на опозицијата.

Треба да знаете
Последни објави