Search

Меси останува во Барселона !?

Мартин Аревало, новинарoт на TyC, кој прв му откри на светот дека Меси побарал од Барселона да го ослободи од клубот преку бурофакс пред две недели, има нова ексклузива: „Лео сериозно размислува да остане во Барселона до следното лето, а потоа да ја напушти во стил без обештетување по истекот на договорот. Постојат 90 проценти шанси Меси да остане во Барселона “. Тој додава дека денес може официјално да ја објави таа одлука.

Веста дојде четири часа по состанокот меѓу претседателот на Барселона, Хосеп Мари Бартомеу и директорот на клубот Хавиер Бордас од една страна и Хорхе и Родриго Меси и адвокатот Хорхе Пекурт од друга страна, на кој не е постигнат договор.

“Овој четврток ќе даде одговор на прашањето за иднината на Меси. Сепак, сега најверојатното сценарио, кое се чинеше невозможно до вчера, е најдобриот светски фудбалер да остане во Барселона до крајот на јуни 2021 година. Тој во моментов сериозно ја разгледува оваа опција и е најблиску до таквата одлука”. , пишува Аревало и открива што предизвикало целосен пресврт кај Меси:

„Челниците на Барселона буквално го молат да остане”.

Друг извор од Аргентина ја носи истата приказна. На 90 минути подоцна, „Фокс Спортс“и новинарот Марсело Сотиле исто така рече: „Луѓето со најголема доверба на Лео му рекоа дека состанокот е добар и конструктивен и дека нагло се зголеми можноста тој да остане во Барселона уште една сезона“.

Треба да знаете
Последни објави