Search

Дибиров: Новиот тим не се прави за месец, два, па ни за една година, треба време

Македонскиот, регионалниот и европски машки ракометен првак Вардар веќе е во Хрватска каде утре во Задар ќе ја почне одбраната на титулата во СЕХА-лигата. За противник „црвено-црните“ ќе го имаат хрватскиот ППД Загреб, а првиот полуфинален дуел ќе го одиграат Веспрем и Брест Мешков. За Вардар, како и за ППД Загреб ова ќе биде деветто учество на завршните Ф4 турнири, колку сезони се одиграни од формирањето на регионалното натпреварување. Вардар е најтрофејниот тим во СЕХА-лигата со освоени пет титули.

Но, пред новит предизвик Вардар не се вбројува меѓу фаворитите за одбрана на титулата. Тимот од Скопје има старо-нов газда и ремонтиран тим по заминувањето на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

– Сега ситуацијата е малку поинаква, затоа што во минатото бевме посигурни во себе и поподготвени. Има причини за тоа, знаеме дека и јавноста и сите од нас очекуваат подобра игра од тоа што го прикажавме. Не сакам да се оправдувам, но многу значи кога десет нови играчи треба да се вклопат во тимот. Тоа уште не функционира како што треба и ќе ни биде тешко, -изјави еден од најискусните староседелецот мешу „црвено-црните“ Тимир Дибиров.

Рускиот ракометен интеранционалец Дибиров направи споредба на тимот кога на клупата пристигна трофејниот шпански стратег Раул Гонзалез, под чие водство Вардар ја осови првата титула во Лигата на шампионите.

-Раул го подготвуваше тимот  четири години, ни месец ни два, ни година дена. Кога дојде Роберто имавме систем кој функционираше и беше полесно да се работи кога ќе промениш само еден играч. Сега почнавме од нула, можеби не сме толку добри и сигурни, но кога ќе го промениш цел тим и се треба да почне од нула знаеш дека треба да се носиш со тој притисок. Очекуваме подобри настапи кога ќе помине полусезоната, знаеме зошто сме тука ги знаеме задачите и сакаме да го реализираме тоа. Тоа не може да се реализира во август, септември и октовмри. Секој има своја цел, ние ја зацртавме нашата, можеби со мали чекори но ќе одиме само напред, вели Дибиров и додава:

-Сега играме полуфинале со Загреб и на секој натпревар мора да покажеме подобар игра од претходниот. Тие се во иста ситуација како нас, го променија тренерит ,имаат многу нови играчи. Меѓу себе играат два тима кои си го бараат своето ново лице според кое ќе бидат препознаени. Ќе видиме кој успеал да стигне прв до таквата цел, заклучи Дибиров.

Треба да знаете
Последни објави